Комисијата за заразни болести решава за скринингот на учениците

Начинот на спроведување на скринингот во училиштата со цел да се провери присутноста на корона вирусот ќе биде тема на денешната седница на Комисијата за заразни заболувања. Скрининот неодамна го најави министерот за здравство Беким Сали откако ги одби барањата за ново одложување на почеток на второто полугодие во учебната година. Учениците денеска тргнаа на настава, а во изминативе денови имаше повеќе барања за двонеделно одложување на настава со физичко присуство и примена на онлајн наставата.

– Наставата во второто полугодие ќе продолжи со физичко присуство и покрај зголемениот број на заразени со новиот сој Омикрон. Според нашите искуства нема да има потреба од онлајн настава во овој период, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела. Ќе се прави скрининг по случен избор на деца и во зависност од тоа ќе се преземаат нови мерки, најави неодамна Сали.

Министерот не ги прифати и барањата на голем дел од родителите кои инсистираат децата да не носат маски во училиште. Да не се носат маски укажуваа и дел од медицинските експерти.

Претходна вестДенеска почнува второто полугодие со физичко присуство на учениците
Следна вестОд почеток на пандемијата 17 лица се заразиле по третпат со корона вирусот