Kомисиската расправа за избор на член на Уставниот суд, власта ја предлага Јадранка Дабовиќ-Атанасовска

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата  денеска треба да ја  продолжи седницата за Предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Седницата вчера беше прекината на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески  кој во процедурална забелешка оцени дека претседателката Марија Георгиевска ја свикала неделовнички. Мицески наведе дека поканата ја добиле во петокот но не им биле доставени материјали за точката од дневниот ред, иако деловнички така требало да постапува Георгиевска.

Предлог за судија на Уставниот суд на Македонија од страна на партиите од власта е професорката на Правниот факултет Јадранка Дабовиќ. Таа треба да го пополни испразнетото место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е професорка на Правниот факултет на УКИМ. Во нејзината биографија стои дека проф. Д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е родена на 28 април 1963 година во Скопје. Студиите на Правниот факултет во Скопје ги завршила во 1985 година, а во учебната 1987/88 година се запишала на постдипломски студии по граѓанско право на Правниот факултет во Скопје.

Магистерскиот труд под наслов  „Партнерска сопственост во Република Македонија“ го одбранила  на 09.12.1992 година и се стекнала со академски степен Магистер по правни науки. Докторската теза под наслов  „Договор за лиценца во компаративното право и во правото на Република Македонија“ ја одбранила  на 27.05.1999 година. Според она што може да се најде на пребарувачите, Дабовиќ е член на СДСМ, а своевремено и член на Управниот одбор на Фондот за здравство.

Претходна вестМарко Цепенков од 1856 година почна со чување на македонското народно творештво
Следна вестКазнети 296 возачи, 20 возеле без дозвола, 16 зборувале на телефон…