Комплицирана процедура за налепниците „НМК“, се очекува метеж во станиците за технички преглед

Налепницата „НМК“ која од понеделик ќе треба да ја има на сите регистарски таблици ќе биде бесплатна, но возачите нема да ја добијат брзо и лесно. Ова произлегува од правилникот кој од страна на МВР е доставен до станиците за технички преглед на возилата, а во кои е предвидено граѓаните да ги превземаат налепниците. Телевизијата Канал 5, повикувајќи се на изјавите од станиците за технички преглед на возилата,  објави дека таму очекуваат гоели гужви и редици на граѓани бидјеќи процедурата може да оди многу бавно.

Процедурата предвидува граѓаните со автомобилот и сообраќајната да дојдат во станиците за технички преглед и најпрво да пополнат барање на шалтерите на МВР. Потоа налепницата под видео надзор и од страна на вработените ќе им биде залепена на регистарската таблица.

-Со вашето возило ќе дојдете на шалтер на МВР ќе пополните барање, сообраќајна и потоа нашите контролори ќе мора да ги залепат налепниците. Како што стои во правилникот се тоа ќе се снима затоа ќе мора секое возило да дојде, под видео надзор да се сними како се местат налепниците, објаснуваат во станиците за технички прегледи на возилата,

Налепниците требаше да чинат од 30 до 50 денари, но МВР одлучи да бидат бесплатни.

-Да, ќе има гужви, тие што ќе доаѓаат за налепници, редовните странки за регистрација, многу ќе се менуваат и сообраќајни со „Северна.“, изјави Маја Кануркова, координатор на станица за технички преглед.

Рокот да се променат е до утре, 12-ти февруари, но токму тогаш ќе започне и промената. Сите кои немаат налепници со новата ознака нема да платат казна, но оние кои сакаат или мораат да ја напуштат државата – од понеделник ќе мора да ги имаат на своите регистарски таблици.

Претходна вестНамерно ли го направија хаосот со личните документи?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција