Home АКТУЕЛНО „Комунална хигиена“ повторно предупредува: Место во контејнер ѓубрето се фрла на јавни површини во Скопје

„Комунална хигиена“ повторно предупредува: Место во контејнер ѓубрето се фрла на јавни површини во Скопје

0
„Комунална хигиена“ повторно предупредува: Место во контејнер ѓубрето се фрла на јавни површини во Скопје

Во текот на изминатите два месеца, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се соочува со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад, предупреди денеска ова градско јавно пртпријатие.

Ова е ново предупредување на „Комунална хигиена“ за тоа како се однесуваат несовесните граѓани.

Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии –  вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците „Македонска војска“, „Борис Сарафов“, „Лука Геров“, „Воин Драшковиќ“, „Мирче Козар“, „Христо Батанџиев“ и „Никола Пушкаров“ во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата „Васил Чакаларов“ во општината Карпош, како и на улиците „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Џон Кенеди“ во скопската општина Чаир.

-Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, кое што резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје, се наведува во соопштението.