Конечно добиваме единствен број за пријави и помош – 112 стартува во февруари

Центарот  за управување со кризи денеска го промовираше единствениот повикувачки број 112, по примерот на 911 во САД на пример. На овој број секој граѓанин ќе може д с ејави а да добие каква било помош.  На овој број можете да се јавите дури и кога немате кредит на мобилниот.

Бројот 112 потребно е да го знае секој граѓанин без разлика каде живее. Примателот на повик ќе има задача да ја одржи жртвата во живот, доколку се наоѓа во животна опасност. Локацијата на пријавувачот ќе биде веднаш видлива за вработените во кол центарот благодарение на најновата ИТ базирана платформа. Податоците веднаш ќе бидат достапни за брза помош, а истовремено податоците ќе ги гледа и МВР. Со снимање на разговорите ќе се спречат лажни пријави.

Кол центарот ќе започне да работи на 11 февруари, Ден на единствениот европски број за повици за итни ситуации.

Ќе бидат ангажирани околу 50 лица, а предност ќе имаат вработените на неопределено во државната администрација, за да нема нови вработувања.

Во моментов во државата има четири броеви за примање повици. Со воведувањето на единствениот европски број 112 граѓаните ќе имаат можност на едно место да пријавуваат поплави, пожари, сообраќајна несреќа, болничка нега. Сите повици ќе се примаат во осум  регионални центри во државата.

Претходна вестНаскоро ново кривично дело за несовесни возачи – безобзирно управување со моторно возило
Следна вестНови 524 заразени денеска и 9 починати – има и 8 смртни случаи од претходно