Конечно, опасниот винил хлорид од ОХИС префрлен во Германија

Цистерната под притисок со винил хлорид мономер од ОХИС безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја, соопштија денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина.

Со ова целосно е завршена постапката за дислоцирање на оваа опасна хемикалија од просторот на поранешниот хемиски гигант ОХИС.

-На ден 02.10.2020 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно со помош на соодветна дигалка се изврши утовар на цистерната во која беше преточен Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) на транспортно возило сопственост на транспортерот ДЕНИС Гал – Бугарија, која ги поседува сите лиценци за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Во истиот ден започна и се заврши царинската извозна постапка и веќе околу 17часот транспортното возило товарено со цистерната со Винил Хлорид Мономер ја напушти територијата на Македонија, стои во соопштението.

Надлежните институции посочуваат дека транспортот се одвивал без никакви проблеми, а на 06.10.2020 година цистерната пристигнала на терминалот во Германија каде се заврши царинската постапка, за потоа да се упати кон согорувачот.

Постоењето на цела цистерна со оваа хемикалија се откри лани кога се случи друг инцидент со истекувањето на друг материјал, метил акрилат мономер. Тогаш хаваријата ја забележаа жителите на овој реон, кои се жалеа на лош мирис, солзење на очите и печење на грлото.

Претходна вест86 скопски возачи брзале по улиците, набрзо ќе платат казна
Следна вестПовредени 60-годишна жена и во малолетник, ги удрило возило