Конечно по 40 години рехабилитиран заборавениот регионален пат Битола-Меџитлија

На Македонија и фалат нови патишта. И фали и поправка на старите кои се направија во социјализмот. Власта уверува дека многу работи на тоа поле.
Токму денеска  премиерот Димитар Ковачевски, заедно со цела свита на министри и други државни функционери беа на увид на рехабилитираниот регионален пат  Битола-Меџитлија и беше пуштен во употреба. Оваа делница беше заборавена 40 години од сите власти до сега.
-На целиот Коридор се работи навистина интензивно и тоа на сите делници што на крајот ќе резултира со модерен патен правец од Коридорот 10, поврзување со Коридорот 10-д преку Прилеп, Битола, до границата со Грција. Со тоа целиот овој регион добива нов инфраструктурен лик, изјави премиерот Ковачевски.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, се реализираат повеќе проекти во делот на инфраструктурата во Пелагонискиот Регион. Тој посочи дека „министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта го бележи најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната мрежа низ целата држава“.
-Сите проекти во регионот се одвиваат со добра динамика со што во еден континуиран процес ќе ја заокружиме целата патна врска од главниот автопат на Коридор 10, па се до граничниот премин Меџитлија, потенцираше министерот Бочварски.
Каква е динамиката на многуте започнати и незавршени патишта во Македонија не беше потенцирано. Само премиерот Ковачевски посочи дека во Пелагонискиот Регион активно се работи на повеќе инфраструктурни проекти.
Претходна вестОсумнаесетгодишна Пакистанка убиена во Италија од нејзините родители и вујко, одбила да се омажи за роднина
Следна вестСобирот на ракометните кадети на Македонија во понеделник