Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска најави дека од утре започнува со виртуелни протести.
Една од причините е што тие не беа повикани денеска на свечената седница на Економско-социјалниот совет, оценувајќи дека најверојатно се „неподобни социјални партнери“.
На 15 април КСС ирганизираше предупредувачки протест, од кој упатија барања до Владата, но до денеска тие не се повикани на разговор.
Помеѓу изнесените барања е да престане прогонот на синдикалните лидери и итно да започне да се исплаќа цела плата за оние кои што се заразени со коронавирус на работното место.