Коњите не знаеле дека е забрането да се шеткаат по центарот на Скопје

На скопските сообраќајници може да се види и слушне се и сешто – пребрзо возење, непочитување на правилата, колони, нервози, пцовки… Но може да се види и вакво дефиле на коњи какво што е забележено вчера утрото од скопјани кои поминувале по улицата „Свети Кирил и Методиј“ во близина на дирекцијата на „Макпетрол“ и на Зелено пазарче.

Моментот кога коњите ја поминуваат улицата е објавен на ФБ-групата „Ѕид на сообраќаен срам“.

Од каде се појавиле коњите, од каде поминале низ централното градско подрачје останува непознато. Но, ваквите ситуации сепак не би требало да се случуваат на толку фреквентни сообраќајници, а никој притоа да не интервенира од градските служби… или надлежните служби можеби очекуваат дека коњите знаат дека им е забрането да се шеткаат по улици па самите ќе си заминат?

Претходна вестШеснаесет починати и 150 нови заразени во 24 часа
Следна вестПедесет и седум мигранти откриени на границата со Грција