Уште 60 контејнери за стаклена амбалажа ќе бидат распоредни нив Скопје во наредниот период, со што со постоечките 62 веќе има солиден број места за граѓаните да почнат со паметно управување на отпадот.
Сите овие контејнери се де од проектот „Управување со отпад од стаклена амбалажа на Западен Балкан”, а се донација од Германското друштво за интернационална соработка-ГИЗ.
Новите контејнери ќе бидат распоредени во општините Гази Баба и Аеродром, а експерти ќе го следат целиот процес и ќе развијат соодветен метод за рециклажа на стакло кој што во иднина ќе биде применлив и во Скопје.
Градоначалникот Петре Шилегов ги повика граѓаните да се вклучат масовно и да ги собираат шишињата, теглите и другите стаклени пакувања од своите домови и да ги фрлаат во овие контејнери. Најави дека следниот чекор ќе бидат контејнери за пластика и за хартија.