Кошаркарска ѕвезда е на листата на најбарани терористи

Откако стана државјанин на Соединетите Американски Држави во ноември 2021 година, кошаркарот Енес Кантер или, како што се прекрсти, Енес Фридом (30) е на листата на најбарани терористи на турската држава. Дополнително, турската Влада на чело со претседателот Реџеп Таип Ердоган нуди 500.000 долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на Фридом.

Енес дозна за тоа пред една недела и го коментираше случајот за „Њујорк пост“.

Фридом помина 11 сезони во НБА во кои зборуваше за кршењето на човековите права во Турција, нарекувајќи го Ердоган „диктатор“ и „Хитлер на нашето време“.

– Што и да кажам, ќе дојде до турската Влада, тоа го мразат. Навистина ми се гади од тоа. Тие прават сè за да ме замолчат, истакна Фридом пред неколку години.

Американските медиуми пренесуваат дека името на кошаркарот, кој моментално нема клуб и живее во Вашингтон, е на списокот заедно со вистински терористи и луѓе што го критикуваат режимот на Ердоган. Тој е загрижен за својата безбедност, поради што е во постојан контакт со локалната полиција и со ФБИ.

Заедно со Кина и Турција, Фридом ја критикуваше и „Најк“ за нејзините операции во Кина.

НБА никогаш нема да го признае тоа, но верувам дека ме оцрнуваат. Имав многу разговори и сите тие го кажуваат истото: – Твојата кариера е завршена поради твоите коментари за Кина, изјави Фридом за „Њујорк пост“.

Портпаролот на НБА, Мајк Бас, изјави за овие медиуми дека „лигата нема никакво влијание врз одлуките на тимот во врска со Мистер Фридом“. Кантер имаше просек од 11,2 поени, 7,8 скока и 0,9 асистенции на натпревар.

Претходна вестСе отстранува нелегалниот стакларник на улица „Македонија“
Следна вестМЗТ Скопје ем третрпе тежок пораз, ем новото засилување се повреди