Кошаркарската Федерација закажа комеморација за легендарниот Лазар Лечиќ

Лазар Лечиќ како незаборавен кошаркарски работник остави големо наследство во Македонија, а поради тоа што има статус на вистинска легенда во мак-кошаркарата, денеска пристигна информација која е важна за сите кои сакаат да слушнат повеќе за работата и делата кои ги остави зад себе.

Кошаркарската Федерација на Македонија денеска објави дека ќе му оддаде посебна чест на Лечиќ, човекот кој за жал почина на средина на месец август во 85-та година од својот живот.

По консултацијата и добиеното зелено светло од неговото семејство, раководството на македонската Федерација реши да организира комеморација во чест на Лазар, собир кој ќе се одржи на 21-ви овој месец.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Александа Палас“ во Скопје, а почетокот на комеморацијата е закажана за 13:00 часот.

Лечиќ речиси цели свој живот го посвети на кошарката и остави длабока трага во мак-баскетот, но и на просторите на поранешна Југославија.

Претходна вестОрбан ќе допатува во посета на Македонија кон крајот на септември
Следна вестВлада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада