Коста Манев ја засили Македонија ЃП

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП ја засили одбраната со дефанзивецот Коста Манев. Тој доаѓа како слободен агент откако му заврши договорот со Ал-Калдија од Бахреин.

Коста Манев претходно играше за Брера во македонското првенство, а беше дел и од Вардар, Вележ и неколку клубови во Финска.

Тој сигурно ќе биде големо засилување за одбраната на „лавовите“.

Претходна вестСкопски „фиат“ излетал од патот кај Куманово
Следна вест70 полицајци во потрага по исчезнатото лице од тетовско Теново