Костадиновски: Никој не го доведува во прашање албанскиот јазик, лага и манипулација е дека ќе биде укинат!

Во вечерашното гостување на претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски во „Клик Плус“ на ТВ21, тој изјави дека не е точно дека судот го укинал балансерот.

Костадиновски рече дека и за тој случај биле искажани многу лаги и манипулации.

-И повторно лаги и манипулации. Не им се обраќам на политичарите, сакам граѓаните да ги уверам во нашите одлуки во кои нема никакви етнички, политички, социјални било какви премиси. Нашата одлука за т.н. балансер претпоставувам не ја прочитаа, ако ја прочитаа ќе лоцираа некој таков елемент, но нема, таков нешто не постои. Нема ништо да се случи. Како е укинат балансерот? За такво нешто треба да се смени уставот, а уставниот суд не може да го смени Уставот, и правичната застапеност постои уставот, и ќе постои сè додека уставотворецот не одлучи поинаку. Ние само му помогнавме само на законодавецот, да има рамка како да се движи. Не укинавме никакво право, лага и невистина. Никој не го доведува во прашање албанскиот јазик, лага и манипулација е дека ќе биде укинат, рече Костадиновски.

Претходна вестМаж од Гостивар заработи кривична, со моторна пила и се заканувал на сопругата
Следна вестУтрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност