Коце Трајановски: Шилегов поради суета на децата им украде 5 години уживање во забавниот парк  

Неодамнешната нова најава и датуми за изградба на Забавен парк до крајот на следната година што ги соопшти актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов го испровоцираа неговиот претходник Коце Трајановски за коментар. Трајановски, во денешната објава преку Фејсбук, остро го критикува незавршувањето на започнатиот проект за изградбата на нов Луна парк.

Објавата на Коце Трајановски ја пренесуваме во целост:

-Изминатите денови советот на Град Скопје донесе одлука да се оддолжи изградбата на Забавниот ( Луна ) парк до 2023 година.

Со ова Петре Шилегов само поради лична суета на децата и тинејџерите им украде 5 години забава и уживање во забавниот парк.

Во 2017 кога дојде на власт ако имаше доблест требаше само да не ја стопира изградбата и да ги се инсталираат 7-те набавени реквизити и во 2018 скопјани ќе имаа можност да се забавуваат во новиот забавен парк.

Во наредните 2018, 2019 и 2020 можеше да се набават останатите 20-тина реквизити и оваа година ќе имавме комплетно опремен и уреден забавен парк каков што нема во радиус од 250км.

Пет години, пет генерации деца и тинејџери се жртви на суетата и самобендисаноста на Петре Шилегов, напишал Трајановски. 

Претходна вестПосебна комисија во МТВ ќе го разгледа настапот на Гарванлиев на Евросонг
Следна вестПретседателот на МАНУ со предлог како да се формира Владата во Македонија