Ковачевски е неуморен, со многу балони и нова канцеларија порача дека СДСМ сигурно ќе победи на изборите

Димитар Ковачевски не е повеќе премиер, ама продолжува да работи за доброто на Македонија. Овој пат не преку Владата туку преку неговата партија. Тој синоќа отвори нова промотивна канцеларија на СДСМ.

-Вечерва од победнички Центар, од срцето на Скопје испраќаме порака: Подготвени сме, победа на 8-ми мај! Точно 99 дена до победа на изборите на СДСМ и проевропската коалиција, рече претседателот на СДСМ Ковачевски.

Понесен од работните успеси кои ги оствари со Владата во која покрај ДУИ беше и СДСМ тој порача на насобраните сопартијци:

-Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и за иднината на државата. Прво затоа што СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите…. И второ затоа што со СДСМ граѓаните знаат дека земјата има иднина, европска иднина, дека има слобода и демократија. ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, со нив нема иднина, а најмалку европска, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ со ова само додаде гас на тивката предизборна кампања која трае веќе од поодамна. Сега ќе има повеќе време, па граѓаните ќе може да ги слушнат неговите пораки за сигурна победа на изборите и за големите успеси кои ги направи владата во која и тој партиципираше.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Прв проект на Талат – паркирање на службениот „Мерцедес“ на плоштад за да пие кафе
Следна вестПариз втор ден блокиран, земјоделците си ги бараат своите права