Економската криза и инфлацијата ја притискаат Македонија. Но, денеска премиерот Димитар Ковачевски истакна дека е оптимист и кажа дека очекува инфлацијата до крајот на годината да биде под 6 проценти.
-Со сите мерки што ги преземаме, навистина сум оптимист дека ќе успееме да ја сведеме инфлацијата под шест отсто до крајот на годината. Веќе покажавме дека умееме да ја намалиме дури двојно за само една година, кажа премиерот.
Ковачевски проценува дека намалувањето на цените на основните прехранбени производи даваат ефекти. Тој очекува дополнително намалување на цените со предложениот закон за нефер трговски практики со кој се опфатени 26 нефер трговски практики.
Фото: Архива