Ковачевски ја прифати оставката на Зекири, очекува независна и транспарентна истрага

Премиерот Димитар Ковачевски ја прифати оставката на досегашниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и најави постапка за избор на негов наследник.

Ковачевски исто така вели дека очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството.

Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Оставката следува откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.
Претходна вестССМ на 1 мај наместо марш ќе организира масовен протест за платите
Следна вестЗошто денеска се сечеа дрвја во Аеродром, Арсовска ќе одговори следната недела