Ковачевски најави средба со Мицкоски

Средба со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски денеска ја најави премиерот и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Средбата ќе биде во функција на меѓупартиското договарање за составот на техничката влада.

-Техничката Влада е законска одредба и немојте да мислите дека не постои комуникација меѓу политичките партии во Парламентот, кои се застапени. Средба за техничка влада ќе има откако партиските органи ќе заседаваат. Така да тоа ќе биде откако партиските органи ќе заседаваат нормално, ќе има средба, којашто јас веќе кажав нема да биде најавувана преку медиуми. Такви средби не треба да се најавуваат преку медиуми, туку ќе биде еден нормален разговор за реализација на тоа што е определено, согласно законот, односно распределба на ресорите во техничката Влада, изгласувањето на таа техничка Влада во Собрание, рече денеска Ковачевски кој денеска по посетата на Битола одговараше на новинарско прашање.

Прашан за вчерашната изјава на Мицковски во Свети Николе дека доколку не се избере член на ДИК од албанската опозиција, во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе од ДИК, Ковачевски посочи дека составот на ДИК е регулиран согласно закон.

– Парламенот и Комисијата за прашања и за избори и именувања треба да постапи согласно Закон и да го комплетира составот на ДИК, додаде Ковачевски.

Лидерите на парламентарните партии на почетокот на месецот постигнаа договор за датумите за претседателските и парламентарните избори кои треба да се одржат идната година. Првиот круг од трката за шеф на државата ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. И 24 април и 8 мај 2024 г. се ден среда. Согласно законот техничка влада, треба да има од 28 јануари.

Претходна вестЕлиминација на Наполи од Купот на Италија
Следна вестПретепана 24-годишна девојка од гостиварско