Ковачевски: Сакам сите Македонци да се обединиме како што христијаните се обединиле во Витлеем

Премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божик, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

-Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите, соопшти владината прес-служба.

Големиот христијански празник Божиќ, како што истакна премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.

-На сите христијански верници сакам да им го честитам големиот празник Христовото раѓање Божиќ. Сакам да им посакам љубов, среќа, здравје, мир во нивните домови, и како што христијаните се обединиле во Витлеем на овој голем празник, исто така посакувам и сите наши граѓани, сите наши Македонци, да се обединиме во градење на просперитетна, среќна и напредна држава. Среќен Божиќ, Христос се роди, вистина се роди!, рече Ковачевски.

Претходна вестМицкоски: Ако бандитска група упадне на аеродром во Берлин или Париз, лицата веднаш би биле уапсени или ликвидирани
Следна вестМВР на Блаце приведе едно лице во случајот со упадот во М-НАВ