Ковачевски: СДСМ е партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки

СДСМ е на терен, тера изборна кампања. Лидерот на партијата Димитар Ковачевски од Крушево порача нема да се откажат од нивната цел, за европска Македонија.

-Затоа СДСМ секогаш била и секогаш ќе биде најсилната партија во Македонија. Партија која не се откажува кога е најтешко, партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки. Сите оние кои мислеле дека ќе не скршат завршиле заборавени од историјата, ги охрабри тој своите сопартијци.

Тој уште еднаш повтори дека е свесен дека ги снашла казната во првиот круг на изборите.

-Треба да седнеме, да поразговараме за проблемите прво меѓу себе, како што тоа го правиме исто и со граѓаните. Само така ќе можеме да ги поправиме грешките, истакна ковачевски.

Тој ги повика граѓаните убаво да размислат кој заслужува да ја води државата.

-Убаво да размислат дали сакаат да гласаат за или сакаат да гласаат против. Гласањето против не ѝ носи добро на Македонија, рече Ковачевски.

Претходна вестАпасиев: Левица ќе биде единствена која ќе го држи курсот на македонизмот
Следна вестДен на македонската дипломатија – 55 години од основањето на Министерството за надворешни работи