-Во вакви услови на голема безбедносна дестабилизација, сфаќаме колку е значајно, да сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Затоа, ве уверувам, нашата земја е безбедна, нагласи денеска премиерот Ковачевски во своето обраќање до јавноста преку социјалните мрежи.
Сепак, премиерот додаде дека поголемите предизвици кои стојат пред нас, се економски.
-Нѐ очекува неизвесна година каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно, истакна Ковачевски.