Ковид-19 во Скопје: 24 лица примени во болница во 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 258 лица сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерствто за здравство, во последното деноноќие најмногу се примени во ГОБ „8 Септември“ – 11 и девет на Инфективната клиника, додека 4 на интерните клиники.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 72 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти, а на ГАК две пациентки.

Претходна вестДајте да организираме веселби инаку ќе протестираме – порачаа сопствениците на ресторани
Следна вестAтлетичарот Дарио руши рекорди, ама и Агенцијата не заостанува…