Ковид – анализа на ИЈЗ: Минатата недела пораст и на заболените и на починатите

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 8 до 14 март регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, или зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 2.708 или 49,6%.

Новозаболените лица се од сите возрасни групи, и иако најзастапена е возрасната група над 60 години, во пораст е бројката на заразени од 30-39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).

Оваа недела 129 лица починале од 21 град, што е 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

Од 17.02 кога почна вакцинацијата против ковид – 19, заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.

Претходна вестНи пандемијата не е пречка за мигрантите: 15 биле скриени во контејнер на товарен воз
Следна вестКовид – статистика што загрижува: 24 починати и речиси 1.000 нови заразени за 24 часа