Ковид кривата нагло оди нагоре: Нови 74 заразени и двајца починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на Ковид-19.

Од нив 16 се во Скопје, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, по два во Прилеп, Штип и Свети Николе и по еден во Охрид, Гевгелија, Радовиш и Берово.

Во изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица, еден од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови.

Ова не беше случај изминатиот период.

Пријавени сe и се 17 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456, од кои 146 во Скопје.

Претходна вестНа Табановце и Богородица се чека еден час, на Ќафасан 15 минути
Следна вестКосово контра Македонија, Албанија и Србија: Отворен Балкан е опасна иницијатива