Ковид-статистика во 24 часа: 908 нови заразени, 31 починат од 11 града

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на ковид-19. Но, бројката на починати лица и денеска е над 30, односно 31 лице, на возраст од 48 до 89 години.

Од починатите лица, од Скопје се 11 (89г, 84г, 76г, 75г, 72г,72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г,62г, 61г ), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г), по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г).

Од новозаразените, во Скопје се 367, Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип – 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово – 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево – 19, Кочани – 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани се 732 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид -дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082. Од нив 9.056 се од Скопје.

Претходна вестБогдановиќ: Инвеститорот поднесе барање за градежна дозвола за првата зграда, се уште не сум дал правосилност
Следна вестЗаев за Рашковски: Можеби сум пристрасен, но никој не е виновен додека не се докаже