Единаесет лица починаа во земјава во изминатите 24 часа како последица на ковид, соопшти попладнево Министерството за здравство, додека новозаразени има 843.
Петмина од починатите се од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г), сите во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 360, а регистрирани се и 333 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659, од кои 3.988 се во Скопје.