Ковид во 24 часа: Пак многу починати и над 800 новозаразени

Единаесет лица починаа во земјава во изминатите 24 часа како последица на ковид, соопшти попладнево Министерството за здравство, додека новозаразени има 843.

Петмина од починатите се од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г), сите во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 360, а регистрирани се и 333 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659, од кои 3.988 се во Скопје.

Претходна вест(ФОТО) „Грдото пајче“ во Аеродром израсна во прекрасен лебед
Следна вестКога побрзо: Бегалецот Игор Спасов веќе е во Идризово