Две лице вчера биле приведени од страна на полицијата поради то ашто се осомничени з акражба во РЕК „Битола“.
МВР соопшти дека вчера во 21.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола ги лишиле од слобода А.М.(40) и И.К.(55), двајцата од Битола.
-Тие се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „нисан”, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопшти полицијата.