Кремљ: До лето 60 проценти од светското население ќе стекне имунитет на корона вирусот

До лето 60 проценти од светското население ќе се здобие со имунитет на корона вирусот, што ќе ни овозможи да се вратиме во нормален живот во август, изјави портпаролот на Кремљ. Според Дмитриј Песков, ситуацијата во голема мера ќе зависи од појавата на имунитет на корона вирусот кај жителите на земјата.

Песков потсети дека, според пресметките на имунолозите, потребно е да се појави имунитет кај околу 60 проценти од популацијата на планетата, како по природен така и по вештачки пат.

-Ми се чини дека таквите имунизации треба да дојдат во средината на летото, додаде портпаролот на Кремљ.

Тој го посочи успехот на Израел, како и забрзувањето на вакцинацијата во Русија и САД.

Инаку, рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ) очекува дека до крајот на оваа недела вакцината „Спутник 5“ ќе биде регистрирана во 25 земји. Влијателното списание „Лансет“ минатата недела ги објави резултатите од третата фаза на клиничките испитувања на руската вакцина. Според нив, оваа вакцина е 91,6 проценти ефикасна кај симптоматските форми на корона вирус.

Во последниве недели во Европа се јавуваат повици Европската агенција за лекови (ЕМА) да почне процес за одобрување на „спутник 5“ што е можно поскоро.

Претходна вестПод истрага 36-годишник во Скопје – полеал со бензин автомобил и го запалил
Следна вестСловачка и Чешка со јасен став: ЕУ не е арбитер, историски прашања да не се вметнуваат како услов за проширување