Власта во најкус рок да го стави во функција мостот „Беласица“, а секое одложување на неговата санација е криминал, став е на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Секој ден одложување на санација на мостот Беласица, но и пуштањето на новиот мост кај салата на МЗТ, е криминален резултат на Данела Арсовска и директорите од СДС, од ДУИ и од Левица! Повикуваме на одговорност на коалицијата Арсовска-СДС доколку мостот во најкус можен рок не биде безбеден и ставен во функција, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во изјава дадена кај мостот „Беласица“.
Тој укажа дека се заканува крининал со обновата на оваа сообраќајница.
-Власта дава 200 милиони евра за незакована шајка, а Скопје ќе го остави цела година без мост во центарот? Дали на СДС и миленичката Данела, им треба цела година за крими бизнис договор за ќарот од мостот? Недозволиво е коалицијата СДС и Данела Арсовска по сите редовни средби да го остават Скопје без уште еден мост! Во исто време кога се плаќаат над 200 милиони евра за незапочнат проект и за пенали, Скопје ќе го остават цела година без мост! Во исто време кога ќе плаќаат дивоградби како легални, изграден мост, по ист принцип да не биде поврзан со Скопје, потецира Стоилковски.
Партискиот портпарол рече дека две години граѓаните ги кршат автомобилите од мостот Близнак кон Автокоманда, а новиот мост кај салата МЗТ проектиран од ВМРО-ДПМНЕ не се пушта во употреба, а сега и мостот „Беласица” е затворен!
-Половина Скопје, од Центар до крајот на Скопје нема нормален мост! После мостот кај МАНУ, следен е мостот кај Јурумлери! Јасно е, Скопје и скопјани ќе трпат, додека крими – бизнис партнерите не договорат кој ќе земе процент!, нагласи тој.