Криумчарел мигранти и бегал преку нива, уапсен 19-годишник

Во селото Орашец, кумановско, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го уапсиле И.И.(19) од село Слупчане, липковско. Toj во возилото „фолскваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал, информира МВР во Дневниот билтен.

– Имено, околу 02.20 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Претходна вестБрзиот автобуски превоз брзо ќе го намали зеленилото во Скопје или друго решение се бара?
Следна вестБензините поевтини за еден, дизелот за половина денар