Европскиот суд за човекови права во својата пресуда не утврдил дека притворите на Миле Јанакиески биле неосновани туку реагирал за должината на жалбата на Јанакиески по ваквите опредлеени мерки за обезбедување, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. Овој Суд попладнево реагира на известувањето на застапникот на Миле Јанакиески, Влатко Илиевски, дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил дека определените притвори за поранешниот министер за транспорт и врски за случаите „27 април“ и „Шпански скали“ биле неосновани.
-Во однос на одредени медиумски известувања и коментари за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на апликантот Миле Јанакиевски против РСМ и наводите дека „притворот бил неосновано определен“ апелираме до медиумите, но и правните критичари дека е потребно прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми. Според пресудата – притворот за Миле Јанакиевски е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка, се наведува во реакцијата.
Од Кривичниот суд наведуваа дека пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста.
-Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, НО утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен: Во прилог на образложението дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна. Заради сето тоа сметаме дека е потребно пред се точно и дословно известување и коментирање во однос на пресудите на ЕСЧП бидејќи во спротивно се гради дискредитирачко јавно мислење за постапувањето на судот, реагираат од Кривичен суд.