СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против 26 лица од Неготино и Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“. Случајот е поврзан со јавна набавка за испорака на нафта за греење – екстра лесно масло за домаќинство, распишана од Општина Штип за потребите на градинките, основните и средните училишта под надлежност на општина Штип.
Според МВР групата од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта од количината која што ја фактурирале и наплатувале од горенаведените установи. Со ваквите дејствија на буџетот на Општина Штип била предизвикана штета во износ од 300.000 евра.