Темно Режим Светло Режим

Кривична пријава против едно лице од Зајас за непостапување според здравствените прописи

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.М.(46) од кичевското село Зајас, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– При контрола извршена на 17 октомври 2020 година, полициските службеници не го пронашле пријавениот во неговиот дом со што, ја прекршил Уредбата со законска сила за заштита на населението од заразни болести, објасни Димоски. (МИА)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

За неносење заштитна маска казнети 846 граѓани

Следниот Пост

Цел тим на Металург во двонеделен карантин