Променливо облачно, но без дожд

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево со умерена облачност, a попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје.

И во другите делови од Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 20 до 26 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Претходна вестНа толку пари за пи-ар на надлежните, пак над 60 отсто домаќинства се греат на дрва
Следна вестАлармот за смртноста од вирусот вришти, има ли кој да го чуе?