Кривична пријава за полицаец од Штип

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против А.М., вработен во штипската полиција, поради сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на служба.

Како што информираат од МВР, на 29 септември годинава, околу 21 часот, во просториите на полициската станица Штип пријавениот полицаец неповикано влегол во просторија од станицата каде од друг службеник бил надгледуван малолетник и го удрил, по што малолетникот се здобил со повреди.

Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош.

Претходна вестПрофесорката Грчева со поука до Царовска: Не давајте примери со Финска, многу сте далеку од тоа да го разберете нивниот концепт
Следна вест16 починати и 386 нови заразени – стабилно лоша состојбата со ковид