Кривична против 23-годишник од Турција, на скопскиот аеродром дал фалсификуван британски пасош

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 23-годишниот У.Д. од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.

– На 05.08.2023 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, пријавениот на увид дал фалсификувана британска патна исправа, соопшти МВР.

Претходна вестПриведен крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот
Следна вестБајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи