Кривична против поранешен директор на училиште, кој дозволил наставничка да работи без диплома

Поранешен директор во основното училиште „Кирил и Мдетодиј“ во кумановското село Романовце во 2018 година не го прекинал работниот однос на вработена, за која ОЈО Куманово донело решение за одземање на дипломата. Според информациите, директорот ѝ дозволил на вработената да работи без потребната диплома.

„ СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(63) од с.Романовце, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Пријавениот, вработен како директор во основното училиште ‘Кирил и Методиј’ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Северна Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома. На ваков начин предизвикана е штета на буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување“, соопшти обвинителството.

Претходна вестПандев со изненадувачки трансфер во Парма кај Џиџи Буфон!
Следна вест26 починати лица, регистрирани 711 новозаразени од коронавирус