Кривична против скопјанец, истепал обезбедувач во казино

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 40-годишниот М.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, извести МВР.

„На 24.06.2023 во казино во трговски центар во Скопје, пријавениот физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното“, соопшти МВР.

Претходна вестАлиу и Меџити: Очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но оставка од нас нема да има
Следна вестНеколку тепачки низ Скопје, полицијата ги расчистува случаите