Кривична против скопјанец, во Италија приложил фалсификувана возачка дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.А. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.

– Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од А и Б категорија со негови лични податоци и таквата возачка дозвола во текот на 2022 година ја приложил како вистинита заради замена кај надлежните институции на Италија, соопшти МВР.

Претходна вестТројца повредени во сообраќајка кај браната Калиманци, со возило излетале од патот
Следна вестКривична против 38-годишник, со воздушна пушка се заканувал пред продавница во село Спанчево