СВР Штип поднесе кривична пријава против С.И.(29) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 01.03.2023 во 19.15 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, при извршен претрес во домот на пријавениот, пронашле и одзеле 25 куршуми, кал.7,65 мм и повеќе модели на автоматско огнено оружје.