Кривична за охриѓанката што повика да се запалат Евреите заедно со хотелот во кој престојуваат

Охридската полиција ќе поднесе кривична пријава за 38-годишната охриѓанка (В. С.), која повика на палење на Евреите кои престојуваат во Охрид.

Како што информираа од МВР, при разговорот В. С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја објавила содржината на Фејсбук, а денеска самата ја избришала.

„Море, не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“, напишаа таа на Фејсбук, по што полицијата веднаш ја пронајде.

Ова е прва реакција и кривична пријава откако Евреите, кои во Македонија ги нарекуваат сектата Лев Тахор, се прогонувани во Куманово, Скопје и во Охрид. Некои од видеата што се објавувани од нив на социјални мрежи, иако тие барале да не бидат снимани – сега се избришани. Во сите три градови во кои престојуваа тие се непожелни гости.

Претходна вестВработена во обложувлница му се спротивставила на крадец, заврши во болница
Следна вестПроменливо облачно време со сончеви периоди попладне