Полицијата поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес како организатор на протестите во неделата. Од полицијата велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот.
Во соопштението од МВР стои дека СВР Скопје, денеска до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т. П. (61) од Гевгелија бидејки на 25.4.2021 организирал протест пред објектите на Владата и Собранието на кои како што се посочува не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести.
Протестот беше најавен како “семакедонски”- го организираа неколку здруженија, семејствата на осудените, а присутни беа граѓани и од други градови. Беше побарано пресудите за осудените за тероризам за 27 април 2017 да се укинат, а судиите кои донеле неправедни политички одлуки да одговараат.
Беше најавена и Декларација до државниот врв, меѓународните организации и странските амбасади.