Кривична за возачот на Бесими и Бектеши за сообраќајката пред Владата

Возачот на службеното возило на министрите Фатмир Бесими и Бектеши доби кривична пријава за сообраќајната несреќа што ја предизвика пред Владата, при што две лица беа повредени.

Ј.Б. (38) со службеното возило „шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“ со булеварот „Илинден“, удрил во возилото „киа“, кое од ударот го променило правецот и удрило во возило „фиат“.

Во несреќата повреди добиле Ј. Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б. Љ. (35) од Скопје, кои со возило на итната медицинска помош се пренесни во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

За време на несреќата двајцата инистри биле во возилото, и како што објави еден од нив на Фејсбук, оделе на состанок во Владата.

Претходна вестУПОЗ бара или скалест раст на сите плати или оди на генерален штрајк
Следна вестСончево и потопло време со температури до 16 степени