Материјалната штета којашто сум ја предизвикал ќе ја платам, но штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е неповратна, изјави Борислав Крмов, пратеник на Левица по синоќешниот иницидент во македонскиот парламент. Крмов на Инфомакс рече дека не е проблем да се плати сметката што ја побара парламентарниот спикер Талат Џафери туку она во што сега ќе се претвори Собранието.
– Слободно, тоа е најмалиот проблем. Ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот кој што се случи е неповратна. Собранието, на еден начин се самоукина. Собранието сега е само обичен извршител на Владата и следната влада којашто ќе дојде на власт, практично веќе нема да има Собрание, изјави Крмов.
Крмов вчера попладне во Собранието предизвикаа инцидент за време на амандманската расправа за новиот Деловник за работа на Собранието, вели дека во Собранието треба да има судир на идеи и повеќе политички опции, а не да биде како Влада.
-После ова денеска не му ни требаат промените на Џафери и на ВМРО-ДПМНЕ, а и на останатите. Тие ако може вака да фрлаат амандмани не мора ни филибастерот да се укинува, иако сега формално е укинат, рече Крмов.
Инаку, неговиот партиски колега Димитар Апасиев пред неполн час на Фејсбук напишал:
-Од сабајле, луѓе веќе донирале за мониторите. Тоа е тој НАРОДЕН ДУХ шо никој не може да го погази, напиша Апасиев.