Крвава пресметка во Батинци: Едно лице загина а друго е повредено

Едно лице е убено а друго повредено во пресметката што се случила утринава во село Батинци, скопско, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „Мерцедес“ пукале кон патничко возило „Форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.

-На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, стои во Билтенот на МВР.

Претходна вестПочнува Петровденскиот пост
Следна вестПриведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај сите пронајдена дрога