Крвава пресметка во скопско Семениште: Прво го пробол со нож, а потоа со пиштол пукал кон 23-годишно момче

Приведено е лице кое нападнало и повредило друго лице во атарот на скопското село Семениште, соопшти полицијата.

МВР информира дека СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.И.(24) од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

-Тој се сомничи дека на 21.09.2023 во атар на село Семениште, скопско, со нож му нанел повреди на А.С.(23) од с.Сарај, по што од пиштол испукал неколку пати кон него, но не го погодил, се наведува во информацијата.

По преземени мерки и активности, на 25.09.2023 тој бил лишен од слобода и со кривичната пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Претходна вестЛевица: Криминалното владеење го донесе јавниот долг се поблиску до девет милиjарди евра
Следна вестВладиката Агатангел кани на „Семакедонски православен христијански собор“