Кубици ѓубре секојдневно се трупаат на скопски Бит Пазар

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на барање на Град Скопје поради отстранување на „диви продавачи„ на бул. „Крсте Мисирков“ подигнаа 5 м3 мешан комунален отпад и отпад од пакување, соопшти денеска ова градско јавно претпријатие.

– И покрај брзата реакција на екипите, повторно е забележано исфрлање на отпад на истата локација, се наведува во соопштението.

Се додава дека во текот на денешниот ден повторно е подигнат и транспортиран отпад составен од мешан комунален отпад и отпад од пакување во количина од 15 м3 кој беше одложен покрај контејнерите.

-ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира отпадот да се исфрла во контејнерите наменети за комунален отпад, а не на јавните или сообраќајните површини со што го оневозможува редовното метење и миење на тротоарите и движењето на пешаците. Еко патролата на ЈПКХС во соработка со градските инспекциски служби ќе продолжи да врши надзор и едукација на споменатите микролокации, укажуваат од претпријатието.

Претходна вест„Црна дупка“ на Струмичкиот театар најдобра претстава на фестивалот „Војдан Черднорински“
Следна вестФакултетот за здравствени науки на Мерко не може да запишува студенти, првата акредитација ја добил за само седум дена