Кучето Лајка леташе во вселената пред децении, нашата „Лајка“ „скита“ бесцелно

– Директорката да си оди! Таа ја злоупотребува својата положба наместо да се грижи за намалување на кучињата скитници кои се во ист и уште поголем број откако „Лајка“ се отвори“, ова се барањата на здруженијата за заштита на животните – кои преку протест одлучија да го кренат гласот. Бараат од Град Скопје да ја смени директорката на „Лајка“ и да постави соодветно, стручно лице кое навистина ќе направи проект за конечно тргање на кучињата скитници од улиците.

„Скопско ехо“ во неколку наврати алармираше дека бројот на напади на кучиња врз луѓе не е намален откако „Лајка“ почна да работи, ниту пак е намален нивниот број на кучиња скитници по улиците, објаснување од таму или пак од Градот немаше. Сега кога и здруженијата се кренаа, Градот застана во одбрана на директорката. Не смета дека таа несоодветно си ја врши работата, напротив.

Дали „Лајка“ беше формирана со намера да решава еден од најсериозните проблеми во градот, или за да се вработат партиски кадри? Зошто не може да се воспостави ред ниту во едно јавно претпријатие за згрижување на кучиња скитници?

Уште пред децениии и децении Русите вистинската Лајка ја пратија во вселената, па името на ова куче остана симбол за победа, борбеност, храброст, успех… Изгледа кај нас е само име, оти се покажа дека надлежните не знаат ни еден добар стационар за кучиња да направат.

Претходна вестФОТО: Во голем пожар изгореа четири возила во Автокоманда
Следна вестКонцерт во Филхармонија по повод „Денот на вљубените“